Русија демантира дека Лавров завршил во болница: Ова е врвна лажна вест

Лавров и Захарова/ Фото: Russian Foreign Ministry / TASS / Profimedia

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го демантираше извештајот на американската агенција АП дека бил префрлен во болница поради срцева болест, укорувајќи ги западните новинари за, како што рече, лажно известување, пишува Ројтерс.

АП, повикувајќи се на индонезиски официјални лица, соопшти дека Лавров бил префрлен во болница по пристигнувањето на островот Бали на самитот на Г-20.

„Ова, се разбира, е врв на фалсификат“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова објави видео од Лавров, министер за надворешни работи на претседателот Владимир Путин од 2004 година, како седи во двор, облечен во шорцеви и маица и чита документи.

Запрашан за извештајот, Лавров рече дека западните новинари цела деценија лажно пишувале дека Путин е болен.

„Ова е еден вид игра што не е нова во политиката“, рече со иронична насмевка 72-годишниот Лавров. „Западните новинари треба да бидат повистинити – треба да ја напишат вистината.

Гувернерот на Бали изјави дека Лавров е во добра здравствена состојба и дека бил во болница на редовен преглед.

Лавров хоспитализиран на Бали, имал проблеми со срцето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот