РСС ќе избира жени претприемачки на годината од Западен Балкан

Конкурс за жени претприемачки во Западен Балкан/Фото: РСС

Советот за регионална соработка (РСС) покренува иницијатива за избор на жени претприемнички на Западен Балкан, соопшти денеска организацијата со седиште во Сараево.

-Придонесот на жените претприемнички е клучен за напредокот на Западен Балкан. Нивната напорна работа, иновативниот начин на размислување и непоколебливата посветеност претставуваат вистински придонес на растот на економиите и општествата. Со оваа иницијатива имаме намера да дадеме скромно признание на овие храбри и силни жени кои се осмелија да се борат против стереотипите и да донесат промени, се наведува во соопштението.

Номинациите се отворени до 4-ти март 2022 година и секој може да номинира жена претпримничка која има бизнис во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. РСС ќе избере шест жени претприемнички на кои ќе им врачи признанија за жени претприемнички на годината во шест категории: прептриемничка во екологија, креативна жена преприемничка, жена претприемничка во туризмот и угостителството, жена преприемничка Ромка, жена претприемничка во старт-ап бизнис и млада жена претприемничка.

Жените претприемнички што ќе бидат избрани ќе добија поддршка во форма на менторство во траење од 20 дена во период од пет месеци, членство во Регионалниот центар на жени претприемнички, промоција преку каналите за комуникација на РСС и покани за различни собири што ги организира РСС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот