РСБСП со апел: Не управувајте возило под дејство на алкохол за време на новогодишните празници

Фото: Профимедиа

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни за време на новогодишните празници, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот и да не управуваат возило под дејство на алкохол.

Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и повреди и загуба на човечки животи. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши вашето и спокојството на другите. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно, истакнуваат од РСБСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот