Романтичната љубовна приказна на еден од најголемите холивудски заводници, актерот Метју Меконахи!

Профимедиа

Нивната љубовна приказна била поинаква уште од самиот почеток. Парот одлучил да се венча дури две години откако го добиле своето второ дете. За време на 14 години заеднички живот, Метју и Камила одлучиле се да биде на нивен начин, без брзање.

Иако снимил многу романтични филмови, Метју Меконахи никогаш не помислил дека ќе доживее романса во вистинскиот живот. Во 2006 година тој не ја барал љубовта на својот живот, бил сосема задоволен сам.

Но, додека една вечер бил во бар со своите пријатели, Метју забележал жена која го воодушевила и веднаш сфатил дека вреди да се запознае. Тој ѝ пришол и ја замолил да се придружи на нивната маса.

Тука започнала вистинската љубовна приказна. Метју и денес тврди дека уште тогаш знаел дека сака да се „забавува“ цел живот со оваа жена.

Не мора љубовта да е на прв поглед. Камила тврди дека се заљубувала постепено, но неизбежно. Кога таа вечер и пришол русокос маж, Камила не ни помислила дека станува збор за славниот актер. Не го препознала. Дури кога им се придружил заедничкиот пријател Ленс Армстронг, сфатила за кого станува збор. Толку се исплашила од целата ситуација, што сакала да побегне од него. Меѓутоа, тој не сакал да ја испушти од видик ниту една минута.

Пред да се венчаат, Метју и Камила имале веќе 2 деца. Во јули 2008 година го добиле синот Леви, а во јануари 2010 година ја дочекале и ќерката Вида.

Нивната љубов била очигледна, но Метју посакал да се венча со Камила, па ја запросил на Божиќ во 2011 година. Иако не го очекувал тоа, Камила сепак рекла „ДА“.

Парот венчавката ја одржал во нивната куќа во Тексас на 9 јуни 2012 година. Скромно и со мал број на гости, парот максимално уживал во церемонијата. Нивниот син Леви ги носел бурмите, додека ќерката Вида била задолжена за цвеќето.

Камила и Метју се совршен тим и сфатиле дека бракот не е дестинација, туку авантура која ќе трае до крајот на животот.

Парот навистина ужива со своите 3 деца. Метју често знае да каже дека тие се неговото животно наследство. Тајната на успешниот брак долг 14 години не постои, но секако дека овој пар знае да ужива во малите работи.

Метју и Камила се почитуваат меѓусебно, а тоа на крајот најмногу се важи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот