Покана за промоцијата во КИЦ-Скопје

Романот во раскази „Бигор шарпланинецот“ е ода за пријателството помеѓу човекот и песот

Во Културно-информативниот центар во Скопје, на 15 ноември, со почеток од 19.19 часот, ќе се одржи промоција на новата книга од Ферид Мухиќ со наслов „Бигор шарпланинецот“.

Овој роман во раскази, во издание на Издавачки центар „Три“, е извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот преку која се срочува филозофијата за меѓучовечките односи, за пријателството и, воопшто, за сеопштата поврзаност во природата.

На промоцијата ќе се одржи дискусија на Ферид Мухиќ и неговата промоторка Виолета Танчева-Златева, кои ќе ги воведат идните читатели во содржината на овие страници посветени на луѓето и животот.

Според д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој проф. Мухиќ подготвуваше безброј студенти за влез во водите на филозофијата, оваа „трогателна сага“ е неверојатен прирачник за живеењето, навраќање кон вистинските вредности на животот. Мухиќ целосно маѓепсува со своите зборови, носејќи нè до едно друго ниво во нивната длабочина.

Филозоф и поет, научник и учител, Ферид Мухиќ има впечатлив опус со 52 објавени книги. „Бигор шарпланинецот – приказни за пријателството и храброста“ ја надополнува не само авторовата биобиблиографија, туку и македонската книжевна ризница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот