
ФОТОГАЛЕРИЈА | РК Еурофарм Пелистер ја слави третата шампионска титула во низа
Денеска во решавачкиот натпревар за титулата во македонската ракометна Суперлига екипата на Еурофарм Пелистер во Скопје триумфираше над Вардар 1961 со 32:30.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На тој начин битолскиот тим ја одбрани титулата освоена од минатата натпреварувачка сезона.
Составот на Алонсо пред овој дуел против скопските „црвено-црни“ немаше друга опција освен победа. Во текот на првото полувреме домашните играчи имаа и „плус пет позитива“ (15:10).
Еурофарм Пелистер намали нешто од негативата и на пауза Вардар замина само со 17:15 предност. И вториот дел Вардар контролираше минимално водство воглавно од еден гол разлика, а при 25:24, два гола врзаа гостите за нивна предност по што се влезе во неизвесна завршница.
Двата тима се менуваа во водство, а при 29:28 за Вардар, повторно Еурофарм Пелистер постигна два голови во низа за 30:29.
Вардар на спротивната страна израмни, а Еурофарм Пелистер повторно постигна нови два голови со што го реши мечот.
Ова е вкупно деветта титула шампион на Македонија, трета по ред, за ракометарите на Еурофарм Пелистер.
Кај стрелците во победничките редови доминираше Кузмановски со седум голови, а на спротивната страна Борозан запиша осум погодоци.















ФОТО | Драган Начевски заминува во пензија со проштален меч кој одлучува за шампионската титула