фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

РК Е. Пелистер: Откажана предвидената фан-зона пред мечот со Татабања

Денеска со почеток од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола составот на Е. Пелистер ќе го игра својот четврти натпревар сезонава во Лигата на Европа.

Противник на играчите на Жељко Бабиќ е Татабања од Унгарија што е шанса за македонскиот претставник да запише нови бодови во ова клупско натпреварување.

Воедно битолскиот клуб ја информира јавноста дека предвидената фан-зона пред овој меч се откажува по веста за страотната несреќа во Бугарија.

Истиот ќе биде одигран со публика на трибините во салата „Боро Чурлевски“.

– РК Еурофарм изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите. РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека предвидената фан-зона со забавни и спортски активности пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања се откажува по веста за страотната несреќа во Бугарија, во која загинаа десетици македонски државјани. Натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања редовно ќе се одигра од 18:45 часот – пренесуваат од РК Е. Пелистер.

Бабиќ: Ќе дадеме сè од себе за да победиме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот