фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Рибакина е првата финалистка на „Австралија опен“

Во првото полуфинале на грен слем турнирот во Мелбурн во женска конкуренција триумфираше Елена Рибакина против Белорусинката Викторија Азаренка.

Тенисерката од Казахстан за еден час и 43 минути игра славеше со резултат 2:0 во сетови 7:6 (4) и 6:3.

За Рибакина ова ќе биде прво финале на „Австралија опен“, а вкупно второ во нејзината кариера на грен слем турнирите откако лани го освои „Вимблдон“.

Во второто полуфинале се среќаат Магда Линет од Полска и Арина Сабаленка од Белорусија.

Машките полуфинални мечеви ќе се играат в петок, Русинот Карен Хачанов за ривал го има Гркот Стефанос Циципас, додека Србинот Новак Ѓоковиќ ќе игра со Американецот Томи Пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот