Супермесечина над Русија/ Фото: Maksim Bogodvid / Sputnik / Profimedia

Ретката октомвриска „Жетвена месечина“ ќе биде првата супермесечина во 2025 година

Првата супермесечина во 2025 година ќе се појави на нашето небо во вторник навечер, со што ќе започне серија лунарни настани, пишува „Би-би-си“.

Полната „Жетвена Месечина“ (Harvest Moon) изгрева во Велика Британија околу 18:20 часот по Гринич на 7 октомври и ќе го означи почетокот на „три последователни супермесечини“ во последните три месеци од 2025 година.

Тоа ќе биде и „најголемата и најсветлата полна месечина досега“, како и „првата супермесечина од ноември 2024 година“.

Што ја прави полната месечина супермесечина?

Месечината не се движи околу Земјата во совршен круг, туку во елипса, што значи дека растојанието помеѓу Месечината и Земјата се менува во текот на годината.

Ако полната месечина се случи кога е „најблиску до Земјата“ – точка наречена перигеј – или во рамките на 90 отсто од таа најблиска точка, тогаш може да се нарече „супермесечина“.

Терминот првпат го употребил астрологот Ричард Нол во 1979 година за да ги опише полните месечини кои изгледаат значително поголеми и посветли бидејќи се совпаѓаат со перигејот.

Супермесечината може да изгледа до 14 отсто поголема и 30 отсто посветла од другите полни месечини.

Во рамките на астрономската заедница постојат различни дефиниции за супермесечина. Алтернативна дефиниција вели дека тоа е секоја полна месечина што е во рамките на 360.000 километри од центарот на Земјата – и според тоа толкување, Жетвената месечина во октомври не би се квалификувала како супермесечина.

Што е Жетвена месечина?

Полните месечини во текот на целата година имаат имиња кои често датираат од пред векови и обично одразуваат природни феномени и активности од тој период.

Октомвриската полна месечина вообичаено се нарекува Ловечка месечина, но оваа година е и Жетвена месечина.

Жетвената месечина е името за полната месечина што најмногу се совпаѓа со есенската рамноденица, која традиционално го означува времето за берба на земјоделските култури .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот