На денешен ден – 5 октомври

на денешен ден
Фото: Instagram

1502.- На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка.

1582.- Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур XII изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година.

1713.- Роден е Дени Дидро, француски филозоф, писател и главен уредник на големата француска „Енциклопедија“, што во периодот од 1751 до 1772 година е објавена во 28 томови. Познати негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Д`Аламбер и Дидро“, „Мисли на толкувањето на природата“ и други. Умре во Париз, на 31 јули 1784 година.

1796.- Под притисок од Франција, Шпанија и објави војна на Велика Британија  која заврши со катастрофален пораз на француско-шпанската флота во 1805 година во битката кај Трафалгар, по што Шпанија практично остана без воена морнарица.

1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Луј Лимијер, пионер на светската кинематографија, кој заедно со својот брат Аугисто  ја направи првата филмска камера и во Лион ја основа фабриката за правење на фотографски материјали.

1875.- Роден е Михаил Алексеевич Кузмин, руски писател и преведувач. Пишуваше песни, новели, романи, драми и критики. Главни дела му се збирките песни „Александриски песни“ и „Зелениот славеј“. Умре во 1936 година.

1880.- Во Париз умре Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите “Убавата Елена” и фантастичната опера “Хофмановите пријазни”. Роден е во Келн, на 20 јуни 1819 година.

1908.- Бугарскиот кнез, германскиот принц Фердинанд Кобург ја прогласи Бугрија за независна од Отоманското царство, а себе се прогласи за цар Фердинанд I.

1908.- Во Кавадарци е роден Александар Ленин, македонски етномузиколог, прв доктор по музички науки во Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Народни музички инструменти во Македонија“, „Македонски инструментални орски мелодии“, „Македонска народна поетска уметност“ и други дела. Умре во Скопје, на 13 август 1998 година.

1910.- Португалија после соборувањето на кралот Мануел II  е прогласена за република. За претседател беше избран Жуаким Теофил Фернандес.

1938.- Претседателот на Чехословачка Едуард Бенеш поднесе оставка поради Минхенскиот договор со кој западните сојузници Велика Британија и Франција практично и ја предадоа Чехословачка на нацистичка Германија и пребегна во странство.

1954.- По заострената ситуација околу Трст, што ја предизвикаа западните сили со својата одлука цивилната управа во зоната „А“ на слободната територија на Трст да се предаде на Италија, во Лондон е потпишан таканаречениот Лондонски меморандум за решавaње на трстјанската криза.

1960.- Џон Кенеди е избран за претседател на САД.

1964.- Во Каиро почна Втората конференција на шефовите на држави и влади на неврзаните земји.

1964.- Во Западен Берлин низ тајно ископаниот тунел под Берлинскиот ѕид пребегнаа 57 државјани на Источна Германија. Тоа беше најголемо масовно бегство од изградбата на Ѕидот во 1961 година.

1968.- Ричард Никсон е избран за претседател на САД.

1970.- Вршителот на должноста претседател на Египет Анвар ел Садат по седум дена од смртта на Гамал Абдел Насер и официјално стана шеф на државата.

1986.- Во Охрид е извршено устоличувањето на поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев).

1993.- Република Македонија и Република Грција првпат во историјата воспоставија директна телекомуникациска врска.

1998.- Правниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри отпочнување на постапката за импичмент против американскиот претседател Бил Клинтон. Во американската историја тоа беше трета истрага за постапка на импичмент против претседател на САД.

1994.- Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од потонатиот брод “Титаник”. Изложбата “Остатоците од Титаник” поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. Остатоците од прекуокеанскиот брод, што требаше да го симболизира “трумфот на технологијата над природата”, се уште лежат на морското дно на длабочина од 3.980 метри.

1995.- Собранието на Република Македонија со 110 гласови “за” и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето. Идејниот цртеж врз кој е направена компјутерска апликација е на Спасе Шуплиновски.

1997.- Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е.

2003.- Фаворитот на Москва Ахмад Кадиров, бивш муслимански свештеник, победи на претседателските избори во Чеченја. Исламски терористи го убија Кадиров во мај 2004 година.

2004.- Умре Морис Вилкинс, англиски биофизичар, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 1962 година (заедно со Џејмс Вотсон и Франсис Крик) за откритија што се однесуваат на молекуларната структура на нуклиенските киселини и нејзиното значење за пренос на инфекции во живата материја. Роден е во Понгароа, Нов Зеланд, на 15 декември 1916 година.

2007.- На Градскиот стадион во Скопје во соработка со УСАИД  се одржа најголемиот хуманитарен концерт на Тоше Проески, кој само 11 дена подоцна загина во сообраќајна несреќа, која се случи на 16 октомври, на автопатот кај Нова Градишка (Хрватска).  Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески, Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ – Крушево, кон крајот на септември 2009 година, одлучи хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“ традицијонално да се одржува  на денот на неговиот роденден, 25 јануари.

2016.- Французинот Жан-Пјер Соваж, Британецот Џеј Фрејзер Стодарт и Холанѓанецот Бернард Феринг станале добитници на Нобеловата награда за хемија поради нивната работа на развојот на молекуларни машини, поточно – најмали машини во светот. Лауреатите ја поделиле Наградата од осум милиони шведски круни (930.000 американски долари) за „дизајн и синтеза“ на овие молекули.

Видео на денот