Републиканската конгресменка Тени го номинираше Трамп за Нобеловата награда за мир

Доналд Трамп/ Фото: Orit Ben-Ezzer/Zuma / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Републиканската конгресменка Клаудија Тени го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир.

„Доналд Трамп беше клучна фигура во олеснувањето на првите мировни договори на Блискиот Исток во последните 30 години“, изјави Тени за Fox News Digital.

Според неа, бирократите, професионалците од областа на надворешната политика, како и меѓународните организации со децении тврдат дека се невозможни дополнителни договори на Блискиот Исток без решение на израелско-палестинскиот конфликт, а претседателот Трамп покажа дека тоа е не е вистина.

„Нобеловата награда беше признание за мировниот договор меѓу Израел и Египет во 1978 година, како и за Договорот од Осло во 1994 година, меѓутоа немаше признавање на улогата на Трамп во посредувањето во договорот меѓу Израел и четворица негови арапски соседи, чија цел беше нормализирање на економските и дипломатските односи“, рече Тени.

Таа додаде дека напорите на Доналд Трамп насочени кон постигнување на Абрахамовиот договор се без преседан и остануваат непризнаени од Нобеловиот комитет.

„Повеќе од кога било, бидејќи слабото лидерство на Џозеф Бајден на меѓународната сцена ја загрозува безбедноста на нашата земја, мораме да му оддадеме признание на Трамп за неговото силно лидерство и неговите напори за постигнување светски мир. Чест ми е што можам да го номинирам поранешниот претседател Трамп и нестрплива сум додека чекам тој да го добие признанието што го заслужува“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот