Републиканците на едно место од контрола над Претставничкиот дом во САД

Републиканците се на работ да ја преземат контролата над Претставничкиот дом на САД, откако резултатите покажаа дека тие имаат мала предност во однос на владејачките Демократи, пишува „Гардијан“.

Партијата очекуваше огромна победа во долниот дом на Конгресот поради високата инфлација и незадоволството од администрацијата на Бајден. Но, имаше неочекувано силна поддршка за Демократите, кои го контролираат Домот од 2019 година.

Дури иако Републиканците дојдат до победата во Претставничкиот дом, веројатно е дека ќе ја имаат најтесната разлика во 21-от век.

Речиси една недела од изборите, трките во Калифорнија и Њујорк ги притиснаа Републиканците на 217 места, едно од 218-те потребни за да се има мнозинство.

Синоќа Мишел Стил и Кен Калверт беа реизбрани во Калифорнија по тесните борби против нивните демократски ривали. Двете трки станаа поконкурентни оваа година благодарение на прераспределбата на мапите на Конгресот во Калифорнија.

Во Њујорк, Републиканците, исто така, се задржаа на областа која гласаше за демократите на последните два претседателски избори.

Остануваат 14 трки кои допрва треба да се избројат, повеќето од нив во Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот