Ренова по 17 години ќе се повлече од фудбалската елита/Фото: facebook.com/kfrenova

Ренова сепак нема да се натпреварува во Првата македонска лига!?

Иако се најде меѓу 12 екипи учесници за новата сезона 2022/23 во Првата македонска лига, Ренова нема да се натпреварува во елитата.

Нема никаква официјална информација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) дали ќе се продолжи со 11 екипи.

Според телевизија „Клан“ Ренова по 17 сезони нема да биде дел од шампионатот следната сезона.

Деновиве се очекува сопствениците на клубот да излезат со официјално соопштение, а изворот дознава дека 99,9% ова е завршена работа.

ФК Ренова од Џепчиште 17 години беше еден од најстабилните тимови во Првата фудбалска лига. Го освои првенството во сезоната 2009/2010, а две години подоцна беше победник и во Купот. Шестпати ја претставуваше Македонија во европските клупски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот