Рекорден број на починати во Русија: Ковид-19 однесе 435 човечки животи во еден ден

Пандемија со Ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рекорден број на смртни случаи, дури 439, се регистрирани денеска во Русија, како последица од коронавирусот со што вкупниот број на починати во земјата достигна 32.032.

Во последните 24 часа се регистрирани 21.608 новозаразени, од кои речиси 6.000 во Москва. Во исто време, се излекувани околу 18.000 пациенти, пренесува агенцијата ТАСС.

Вкупниот број заболени лица во Русија од почетокот на пандемијата е 1.85 милиони лица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот