Регистрираните земјоделци добија дополнителна државна помош од 20 отсто

epa-efe
Фото: EPA

Регистрираните земјоделци денеска добија дополнителна државна помош од 20 отсто, како носители на земјоделски стопанства, согласно Законот за вршење земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со оваа исплата се поддржани 1.925 земјоделци за кои се одвоени 58,9 милиони денари.

Од Платежната агенција информираат дека дополнително, помош се доделува на земјоделски стопанства кои се корисници на директните плаќања и имаат пријавени соодветни површини и животни од минимум 5 до максимум 50 хектари пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал, од минимум 1 до максимум 5 хектари пријавена површина со градинарски култури, од минимум 1 до максимум 5 хектари пријавена површина со овошни насади, од минимум 1 до максимум 10 хектари пријавена површина со лозови насади, од минимум 10 до максимум 50 грла говеда, од минимум 101 до максимум 500 грла овци, од минимум 50 до максимум 150 грла кози, од минимум 6 до максимум 50 грла маторици и од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

-Поддршката во земјоделскиот сектор ги препознава земјоделците чија основна економска дејност е земјоделското производство како посебна категорија. За таа цел во законот за земјоделство и рурален развој како и програмата за финансиска поддршка во земјоделството оваа категорија на земјоделци добива право на 20 отсто дополнителна финансиска поддршка. За таа цел со оваа исплата се поддржани 1925 земјоделци за кои се одвоени 58,9 милиони денари, вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот