Редовно плаќаат, а немаат струја – Македонците од Пустец мака мачат со електромрежата

Проблеми со струјата во Пустец/Фото: МИА

Единствената македонска партија, во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), ја поддржува рекацијата на граѓаните од село Горна Горица, општина Пустец и бара од Електродистрбуција да ги исплати штетите предизвикани од честите прекини во елекромрежата.

– Никако да завршат проблемите со струјата во општина Пустец. Откако жителите на македонската заедница во општина Пустец поминаа една недела без струја, вчера во селото Горна Горица, општина Пустец, како резултат на честите прекини на електричната енергија, причинета е голема материјална штета, каде изгореа стотина електрични апарати. Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ ја поддржува реакцијата на жителите на село Горна Горица против операторот за дистрибуција на eлектрична енергија за предизвиканите штети, стои во реакцијата на МАЕИ.

Се додава дека МАЕИ бара од надлежните органи да формираат Комисија за проверка на штетите предизвикани од испадите на струја и жителите на село Горна Горица да бидат обесштетени за уништените апарати, бидејќи се редовни плаќачи на сметките за електрична енергија.

– Сакаме да нагласиме дека граѓаните имаат право да бараат обештетување за евентуални штети од испадите на струја затоа што договорот помеѓу Операторот за дистрибуција на електрична енергија и потрошувачот предвидува компензација во случај на оштетување на опремата, како резултат на испадите на струја, се посочува во реакцијата на МАЕИ.

Според партијата поради невремето и снежните врнежи, областа Преспа, општина Пустец на почетокот на месецов во мрак беше неколку дена.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот