Редок феномен: Вулканот Етна исфрла совршени „прстени од чад“

Фото: Скриншот

Вулканот Етна на Сицилија, најголемиот активен вулкан во Европа, веќе неколку дена исфрла необични „прстени од чад“ на небото, кои претставуваат спектакуларна глетка.

Според „РАИ њуз“  овие вулкански прстени всушност се создаваат од пареа, а не од чад. Направени се од кондензирани гасови, главно водена пареа, кои избегале од магмата и еруптирале од отворот на вулканот. Резултатот од овие врели вулкански гасови кои ненадејно излегуваат од кружниот тек на отворот во кратки рафали е она што ја создава формата на прстен. Реткиот феномен – познат како вулкански прстени од чад – може да се формира само во кружен вулкански отвор и бара мирна атмосфера.

Овој феномен првпат бил забележан на Етна во 1724 година, а подоцна бил регистриран и на вулканот Стромболи.

Фото: Скриншот

Ваквите вулкански прстени од чад се документирани ширум светот, но повеќекратните прикази како оној на планината Етна се исклучително ретки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот