Реџепи: Медиумите на македонски јазик го извадија од контекст мојот исказ и го злоупотребија

Скендер Реџепи од Алетрнатива/ Фото: МИА

Скендер Реџепи од Алијанса на Албанците во 24 отворено рече дека неговиот исказ бил изваден од контект и жали што одредени новинари работат за дневна политика на политички интереси на ордедени политички партии.

Требаше да го вратите говорот мој и да слушнете што точно кажав. Такво нешто не сум изјаснувал. Моето вчерашно изјаснување и денеска го потврдувам дека согласно ситуацијата која е нанесена во Собранието, согласно фатот дека ние како коалиција дадовме максимален допринос во работата на Собранието, бевме конструктивни истите да бидат прифатени и да поминат во служба на граѓаните.– рече Реџепи.

Тој истакна дека се добила блокада за државјанство каде човечноста требаше да биде во прв план. Потенцираше дека во однос на блокирањето на амандамните како одговор на блокадата на законот за државјанство има одреденак атегорија на бизнисмени кои јасно се придруваат кон нас и велат дека ние без помош на државата ќе истраеме уште еден месец, истакна Реџепи.

„Ова сум го рекол и свесен сум дека бизнисмените имаат вработени на кои треба да има дадат плата. Никогаш при здрав разум не би изјавил дека граѓаните можат без плата. Истотото го повторив и на прес конференција во Собранието. Медиумите на македонски јазик го извадија од контекст мојот исказ и го злоупотребија онака како што им одговараше.“ – повтори Реџепи.

Пратеникот истакна дека и власта и опозицијата го блокираат законот за државјканство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот