Редарска служба во трговските и дезинфекција ќе мора и после 200 дена по престанок на вонредната состојба

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пазарувањето треба да биде најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. На површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Дополнителни 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба, мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, се дел од мерките предвидени во измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба, која денеска ја усвои Владата.

Согласно Уредбата треба да се постават соодветни ознаки со кои ќе се обележи правецот на движење, како и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.

Пазарувањето треба да биде најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. На површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Трговецот треба да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот