
Рецепт за печени ќофтиња во сос од домати, прсти да излижете
Меленото месо е магична намирница, бидејќи од него можете да направите милион јадења. А кога станува збор за ќофтиња, кои се едно од најомилените традиционални јадења кај нас, веројатно сите ги подготвуваме на овој или на оној начин, но секако слично.
Препорачано
Домашни ќофтиња со домашен сос од домати се одличен избор за брз ручек или вечера! Без разлика дали се сервираат со шпагети, пире од компири или ориз, како мезе на стапчиња или во богат сос, ќофтињата се секако еден од најпопуларните и најразновидни оброци.
Пробајте ги овие ќофтиња бидејќи се суперсочни и вкусни.
Состојки
– 750 грама мелено месо
– 2 главици кромид
– 3 чешниња лук
– 1 лажиче сув магдонос
– 1 лажица сув билен зачин
– 1 лажиче бибер
– 2 јајца
– 4 поголеми парчиња бајат леб
– масло по потреба
За сосот
– 0,5 литар сок од домати
– 1/2 лажиче шеќер
– сол по вкус
– 2 лажици брашно
– 50 мл масло
– 1 лажичка оригано
Подготовка:
Лебот добро натопете го во вода, исцедете го и со прстите издробете го во длабок сад. Додадете ги останатите состојки за ќофтињата и со рака добро измешајте. Од подготвената смеса направете топчиња со големина на поголем орев и наредете ги едно до друго во огноотпорен сад.
Прелијте ги со масло и печете на 220 степени додека не добијат кафеава боја.
Во посебен сад направете запршка со малку масло, па во неа полека сипете го сокот од домати со постојано мешање. Додадете шеќер, оригано и сол по вкус. Гответе неколку минути, а потоа, со врелиот сос прелијте ги ќофтињата.