Фото: Yung-pin Pao / Pixabay

Рецепт за македонска парена чоколадна торта со ореви: Се топи во уста, готова е за 30 минути

Македонската парена торта им успева и на дамите што немаат никакво искуство во кујна

Парената торта е познат десерт на постарите генерации македонски домаќинки, чиј рецепт со задоволство ги приготвуваат и младите домаќинки. Се приготвува многу едноставно и само за половина час може да се најде на трпезата. Оваа торта е идеална за сите љубители на едноставни, но вкусни десерти, кои сакаат да уживаат во нешто што ќе ги потсети на домашната атмосфера и љубовта што мајките и бабите ја вложуваат при подготовката на омилените десерти.

Состојки:

– 1 лажица какао
– 10 јајца
– 10 г суво грозје
– 10 лажици шеќер
– 100 г сечкани ореви
– 7 лажици брашно
– 16 лажици мелени ореви
– 3 лажици гриз

За преливот:

– 400 мл вода
– 800 г шеќер

За декорација:

– 2 лажици масло
– 150 г чоколадо

Подготовка:

Изматете белки и постепено додавајте шеќер, а потоа ставајте ги жолчките една по една во смесата, додека непрекинато матите.
Потоа додајте брашно, гриз, какао, мелени и сечкани ореви, суво грозје.
Потоа, внимателно промешајте го сето тоа и префрлете ја смесата во плех или калап, претходно обложен со хартија за печење. Печете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 30 минути.
Додека тортата се пече, направете сируп за прелив од шеќер и вода. Измешајте ги овие две состојки во тенџере и ставете ги на шпорет, почекајте да зовријат, па загревајте уште 5-6 минути. Веднаш сипете го врз оладениот колач.
Потоа, украсете го десертот со стопено чоколадо.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот