Разменети заробеници меѓу Азербејџан и Ерменија во погранично подрачје

Фото: EPA-EFE/HAYK BAGHDASARYAN / PHOTOLURE MANDATORY CREDIT

Азербејџан и Ерменија денеска разменија воени заробеници во пограничната област, изјави неименуван очевидец.

Се очекуваше да бидат разменети 32 Ерменци, главно заробени кон крајот на 2020 година, за двајца азербејџански војници заробени во април 2023 година.

Претходно денеска беше објавено дека Ерменија и Азербејџан разговарале за повлекување на војниците од пограничната област, иако се уште не е донесена одлука.

Ерменија и Азербејџан водеа две војни во изминатите 30 години за Нагорно-Карабах, планински регион кој е дел од Азербејџан, но е место на етничките Ерменци кои воспоставија де факто независност во 1990-тите. Азербејџан го врати Нагорно Карабах во офанзива во септември оваа година, по што повеќето од 120.000 етнички Ерменци побегнаа во Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот