Расте бројот на стечаи во Европската унија

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Бројот на банкроти во ЕУ е зголемен за 26,8 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал, што е највисоко од 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.

Во меѓувреме, бројот на новоотворени бизниси е намален за 0,2 отсто. Во однос на третото тримесечје од минатата година, најмногу е зголемен бројот на стечајци во сообраќајот и складирањето (72,2 отсто), како и во сместувањето и угостителството (39,4 отсто).

Споредено со четвртиот квартал од 2019 година, растот на бројот на стечајци е најголем во делот на сместување и угостителство (97,7 отсто). Намален е бројот на стечате само во индустријата (17,6 отсто), градежништвото (9,2 отсто) и ИТ и комуникациските услуги (за четири отсто).

Во Словенија бројот на стечаи во последниот квартал од минатата година е зголемен за 20,5 отсто во однос на претходната, а бројот на регистрирани нови фирми е зголемен за 2,4 отсто.

Кога станува збор за Србија, на почетокот на 2023 година имало 20.552 новорегистрирани фирми повеќе отколку на почетокот на 2022 година, пишува Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот