Растат тензиите-Полска тврди дека два белоруски хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

Полско знаме/ фото: МИА

Полската влада соопшти дека два белоруски хеликоптери денеска го нарушиле полскиот воздушен простор. Варшава најави дека ќе го зголеми своето воено присуство долж границата и дека во знак на протест го повикала амбасадорот на Белорусија на информативен разговор.

За инцидентот е известен и НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

Во Полска и соседна Литванија изманитиов период постои загриженост откако платеници од руската група Вагнер пристигнаа во Белорусија по нивниот краткотраен бунт против Кремљ во јуни.

Денеска, жителите на Полска во област во близина на границата со Белорусија пријавиле дека виделе хеликоптери со белоруски ознаки за кои рекле дека им летале над главата.

Вечерва Министерството за одбрана на Белорусија призна дека „дошло до нарушување на полскиот воздушен простор од два хеликоптери кои вршат обука во близина на границата“.

Се додава дека Белорусија претходно ја известила Полска за плановите за спроведување на вежби во областа.

Како одговор на упадот, министерот за одбрана Мариус Блажчак нареди зголемување на бројот на војници долж границата, како и зголемување на бројот на борбени хеликоптери.

Министерството за надворешни работи соопшти дека „упатиле цврст протест и ја повикаа белоруската страна веднаш и темелно да го објасни инцидентот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот