Рамос одигра само 30 натпревари, но веќе испиша историја во ПСЖ

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN EPA

ПСЖ викендов во возбдудлив натпревар славеше против Троја со 4:3, а овој натпревар беше посебен за Серхио Рамос.

Во големата кариера во која освои бројни трофеи Серхио Рамос додаде уште едно признание. Иако го одигра само 30. натпревар во дресот на клубот од Париз сепак се запиша во историјата како нов рекордер.

Имено, ПСЖ не изгубил на ниту еден натпревар кога Рамос бил на теренот. Во тие 30 натпревари со Рамос во составот ПСЖ има 23 победи и седум нерешени натпревари со што Шпанецот го надмина поранешниот фудбалер на овој клуб, Бразилецот Раија кој имаше низа од првите 29 натпревари без пораз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот