Рама повторно остар кон ЕУ: Кандидатскиот статус е еден вид таблета против депресија

Еди Рама / Фото: SOEREN STACHE / AFP / Profimedia

Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa” на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес.

Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите”, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне”.

Додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија.

-Не е Албанија која бавно напредуваше кон ЕУ, туку ЕУ забави. Не сум фрустриран, туку многу тажен поради неуспехот на Европската унија да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија, нагласува Рама

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот