Рама објави фотографии од луксузните суперјахти во Драч

Еди Рама
Еди Рама / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Премиерот Еди Рама ја опиша летната сезона како фантастична за пристаништето Драч во Албанија. Преку објава на социјалните мрежи, Рама сподели фотографии од две луксузни суперјахти, Lürssen и Koru, кои го избрале Драч да застанат во првите денови од септември, пренесува АБЦ Њуз.

„Lürssen и Koru не се имиња на ниту еден цртан лик, туку луксузни суперјахти кои го избраа Драч во овие први денови од септември. Сезоната беше фантастична за пристаништето Драч, со 257 големи туристички јахти и 21 крстарење кои беа домаќини од албанските власти, што е само мал пример за зголемените туристички текови, кои уште повеќе ќе се зголемат благодарение на инвестициите и трансформациите на големите проекти во пристанишната инфраструктура која чекор по чекор ќе заживее“, пишува Рама на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот