Рама ги осуди случувањата на северот на Косово – бара Белград да влијае врз Србите, а ЕУ да интервенира

Фото: EPA/EFE/ Valdrin Xhemaj

За последните случувања на северот на Косово реагираше албанскиот премиер Еди Рама, осудувајќи ги „нападите и поставувањето блокади”.

– Нападите врз ЕУЛЕКС се за секаква осуда без двоумење, како што е за осуда секој акт на насилство врз косовската полиција. Повторното појавување на барикадите на северот на Косово е во спротивност со секој закон и со секој дух на дијалог и не само што не решава ништо, туку напротив дополнително усложнува сè, пишува во реакцијата на Рама.

Според него, одложувањето на изборите од страна на косовските власти е сигнал на кој Белград мора одговорно да одговори.

– Одложувањето на изборите од страна на претседателката на Република Косово е значаен сигнал, на кој високите власти на Белград мора да одговорат со ист дух и чувство на одговорност, како не би дозволиле натамошна ескалација на дестабилизирачките акти, посочува тој.

Рама вели дека Белград мора да го употреби своето влијание врз Србите од северот на Косово.

– Белград мора да го употреби своето влијание врз Србите на Косово, без да ги оправдува нивните постапки, без оглед на причините. За причини се разговара, а не се користат како оружје против полицијата и како барикада против правниот поредок. ЕУ треба итно да свика на дијалог, заклучува Рама во реакцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот