Ракометарите ќе тестираат против Романија пред мундијалскиот бараж со Фарски Острови

фото: Ракометна федерација на Македонија

Во рамките од ЕХФ неделата (11-17 март 2024 година) најдобрата македонска машка ракометна репрезентација ќе одигра два контролни натпревари против Романија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 15 и 16 март во градот Браила ќе тестираат против романската селекција.

Тоа ќе биде подготовка за бараж натпреварите против Фарски Острови во мај за пласман на следното Светско првенство 2025.

Воедно од РФМ објавија дека машката јуниорска репрезентација во рамки на подготвителниот период за претстојното ЕП М20 2024 во Словенија, за време на ЕХФ неделата ќе биде домаќин на селекцијата на Хрватска и ќе одигра два натпревари во Скопје на 15 и 16 март 2024.

Машката кадетска репрезентација во пресрет за претстојното ЕП М18 2024 во Црна Гора, за време на ЕХФ неделата ќе гостува во Црна Гора и со таа селекција ќе одигра два контролни натпревари на ден 14 и 15 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот