фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Радовиќ: Ќе извлечеме поука, против тим како Фуксе Берлин потребни ни се сите 16 играчи

Екипата на Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз сезонава во ракометната ЕХФ Европска лига откако во Битола убедливо загубија од фаворитот во групата „Д“, Фуксе Берлин (34:43).

Тренерот на македонскиот вицешампион, Ларс Валтер истакна дека неговите играчи имале добар старт на средбата, но потоа се соочија со доста проблеми со враќањето во одбрана.

– Имавме проблеми со враќањето во одбрана, тоа ни се случува вторпат сезонава и затоа мораме да извлечеме поуки. Во вториот дел се покажавме во подобро светло, не се предававме иако ни фалеа неколку ракометари. Да, тоа е точно дека голманот на Фуксе Берлин одбрани многу топки, но и ние не реализиравме многу зицери – рече Валтер на прес-конференцијата по натпреварот.

Капитенот на битолскиот состав, Црногорецот Мирко Радовиќ по мечот во салата „Боро Чурлевски“ им ја честиташе победата на Германците на одличниот натпревар.

– Примивме премногу лесни голови, не барам изговор, но ни недостастуваат играчи во ротацијата. А против тим како Фуксе Берлин потребни ни се сите 16 играчи, како и оваа прекрасна атмосфера што ја имавме во салата. Се боревме до крај, тоа беше нашиот максимум. Сигурен сум дека ќе извлечеме поука од овој натпревар, да научиме, и веќе да се подготвуваме за следните мечеви во домашното првенство и во Европа – рече Радовиќ.

Следниот предизвик тимот на Ларс Валтер во ова натпреварување ќе го имаат на 29 ноември во Дизелдорф, Германија, против украинскиот Мотор Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот