Работниците на „Еурокомпозит“ најавија протест во Скопје – бараат исплата на заостанатите придонеси

154 вработени прогласени за технолошки вишок и за 60-ината моментално вработени чекаат исплата на заостанатите плати.

Со едночасовна блокада на патниот премин Прилеп – Плетвар работниците од „Еурокомпозит“ го изразија својот револт бидејќи и по пет месеци од донесувањето на законско решение за исплата на заостанатите придонеси од 2012 година Законот се уште не стапил на сила. Чашата се прелеала кога новоизбраниот претставник на државниот капитал Тања Чачорова ги известила дека Антикорупциска наредила до изборите да нема никакви активности за спроведувањето на Законот.

Законското решение беше донесено во октомври минатата година, а со него се предвидува исплатата на заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит”, во износ од 2,8 милиони евра. Покрај придонеси не се исплатени ниту заостанатите плати на 154 вработени прогласени за технолошки вишок и за 60-ината моментално вработени.

Работниците наведуваат дека досега не се доисплатени ниту отпремнините. Најавуваат дека протестите ќе ги радикализираат и ќе ги префрлат во Скопје доколку не се изнајде брзо решение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот