Работа за „ТисенКруп“ до крајот на деценијата: Германија и Норвешка вложуваат милијарди евра во подморници

Фото: EPA/CHRISTIAN CHARISIUS

Германија и Норвешка, по долги преговори, постигнаа договор за подморнички проект вреден повеќе милијарди евра. Двете држави нарачаа шест подморници од типот 212 на германската компанија „Тисен Круп Марин Системс“, објавија во вторникот министерствата за одбрана на двете земји.

Две подморници ќе бидат за Германија, а четири за Норвешка.

Според новинската агенција НТБ, Норвешка проценува дека нејзините трошоци во проектот ќе бидат околу 45 милијарди круни (5,2 милијарди долари).

„Тисен Круп Марин Системс“ ќе произведува подморници во Кил, а испораката треба да започне во 2029 година, три години подоцна од планираното.

Проектот ќе обезбеди бројни висококвалитетни работни места во и околу Кил до средината на следната деценија и ќе ја зајакне соработката меѓу германската и норвешката морнарица, соопшти германското Министерство за одбрана.

– Со овој чекор, Германија и Норвешка заеднички ги поставуваат темелите за можна понатамошна соработка со голем број сојузници во ЕУ и НАТО, додаде Министерството.

Преговорите за изградба на подморници започнаа во 2019 година, но беа одложени поради пандемијата. Берлин и Осло постигнаа договор и за набавка на ракети за вооружување на бродови.

Проектот допрва треба да биде одобрен од буџетскиот комитет на германскиот парламент, јави агенцијата ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот