Путин во телефонски разговор со претседателот на Арапските емирати зборувал за палестинското прашање

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/MIKHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK

Владимир Путин, претседателот на Русија телефонски разговарал со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Тие  разговарале за ситуацијата во Украина и Газа и се согласиле дека постои потреба од понатамошен развој на пријателските односи меѓу Русија и ОАЕ, соопшти Кремљ.

„Потврдена е принципиелната позиција на Русија и ОАЕ за поддршка на итен прекин на огнот (на Блискиот исток) и продолжување на политичкиот процес за изнаоѓање долгорочно и праведно решение за палестинското прашање на познатата меѓународна правна основа“ се вели во соопштението на Кремљ.

Претседателот Путин и шеикот Мохамед разговарале и за обезбедување дополнителна хуманитарна помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот