Путин се однесува како мафијаш, но на крај ќе изгуби, смета Тачи

Мендух Тачи претседател на ДПА / Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи на синоќешното гостување на емисијата „Клик плус“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е олицетворение на антицивилизацијата и ќе биде поразен. Според Тачи, Путин се однесува како мафијаш.

-На крајот Путин ќе загуби. Западот е сериозно решен да стави крај на ова. Не знам дали ова го кажал Мајаковски или Достоевски, но денеска не се истите оние Руси од времето на царска Русија, со култура, со уметност. Кај денешните Руси преовладува неморал, блуд, атеизам, вели Тачи.

Тачи вели дека ова што се случува во Украина е војна на Западот против антицивилизацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот