Путин: Руските војници сега се борат за безбедноста на својата земја

HANDOUT - 09 May 2022, Russia, Moscow: An aerial view of the Victory Day military parade on Red Square in central Moscow that marking the Russian celebration of the 77th anniversary of the victory over Nazi Germany during World War II. Photo: -/Kremlin/dpa - ATTENTION: editorial use only and only if the credit mentioned above is referenced in full

Рускиот претседател Владимир Путин го одржа својот традиционален говор за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва порачувајќи им на руските борци дека сега се борат за безбедноста на Русија. Тој исто така им го честиташе денот на „големата победа” на ветераните. Денот на победата ја слави победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Како што пренесе Би-Би-Си, Путин во својот говор нагласи дека руската „специјална воена операција” во Украина, како што Кремљ ја нарекува инвазијата, била неопходна и „навремена” мерка.

Тој рече дека тоа е „правилна одлука” на независна, силна, суверена земја.

Рускиот претседател наведе дека во текот на изминатата година имало тензии со другите европски нации и со НАТО.

– Русија ја повика Европа да најде фер компромис, но тие не сакаа да не слушнат, рече тој и додаде дека се подготвува „казнена операција во Донбас, источна Украина, каде што сега се фокусирани руските операции”.

– Во Киев велеа дека може да добијат нуклеарно оружје и НАТО почна да ги истражува териториите блиску до нас и тоа стана очигледна закана за нашата земја и за нашите граници. Сè ни кажуваше дека има потреба да се бориме, рече Путин.

Путин повика на едноминутно молчење за Русите убиени во Втората светска војна, но и за „војниците кои се борат за Русија во Донбас”.

По говорот, рускиот претседател доби аплауз од припадниците на руската војска на Црвениот плоштад, се интонираше руската химна по што следуваше и топовска стрелба.

Иако многумина очекуваа, Путин не најави ништо големо во неговиот говор по повод Денот на победата над фашизмот.

Сепак, како што коментира Би-Би-Си, во своето обраќање лидерот на Кремљ повторно се обиде да ја оправда руската инвазија врз Украина, велејќи дека НАТО и Украина создаваат закани „неприфатливи за нас” на руските граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот