Александар Лукашенско, Владимир Путин
Александар Лукашенко и Владимир Путин во Москва / Фото: EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / Архива на Слободен Печат

Путин: Притисоците на Западот ја зајакнуваат интеграцијата на Москва и Минск

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до белорускиот колега Александар Лукашенко по повод Денот на единството на народите на Белорусија и Русија, во кое ја потенцира важноста од координација на напорите на меѓународната сцена и зајакнување на одбранбените потенцијали на Москва и на Минск.

Во писмото Путин истакнува дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија” треба да биде зајакнување на интеграцијата.

– Сигурен сум дека најдобар одговор на непријателските дејствија на голем број земји треба да биде сеопфатното зајакнување на руско-белоруските врски, зајакнувањето на заемно корисните интегративни процеси и билатералната соработка во сите области, истакна Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот