Путин му го честиташе на Си реизборот за генерален секретар на Централниот комитет на кинеската Комунистичка партија

путин и си џинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џипинг EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

 Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Си Џинпинг за неговиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), истакнувајќи го неговиот висок политички авторитет и кохезијата на партијата што ја предводи.

– Почитуван господине Си Џинпинг, ве молам примете ги моите најтопли честитки за вашиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина. Резултатите од 20-от јубилеен Конгрес на КПК целосно го потврдија и вашиот висок политички авторитет, како и единството на партијата, која вие ја водите, се вели во писмото на Путин до Си.

Рускиот претседател изрази уверување дека одлуките на конгресот ќе придонесат за успешно спроведување на големите социо-економски задачи на Кина, како и за зајакнување на позицијата на земјата на меѓународната сцена.

– Со нетрпение очекувам да го продолжиме нашиот конструктивен дијалог и тесно да соработуваме за да развиеме сеопфатно партнерство и стратешка интеракција меѓу нашите земји. Искрено ви посакувам, драг пријателе, нови успеси во вашата одговорна работа, добро здравје и благосостојба, нагласи Путин.

Централниот комитет на КПК денеска го реизбра Си Џинпинг за генерален секретар за трет петгодишен мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот