Путин им оддаде почит на убиените руски затвореници: „Го платија својот долг кон општеството“

Владимир Путин/ Фото EPA-EFE/GRIGORY SYSOEV/SPUTNIK/

Русија синоќа ја одбележа првата годишнина од илегалната анексија на четирите јужни украински региони, при што претседателот Владимир Путин им оддаде почит на руските осуденици убиени во битката и го прогласи 30 септември, Денот на обединувањето со Русија за официјален празник.

Руските сили не контролираат целосно ниту еден од четирите окупирани региони: Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск и изгубија одредена територија во украинската контраофанзива, а Москва се уште се обидува целосно да ги преземе. Путин ги прогласи за нови руска територии пред една година по референдумот кој не е признат според меѓународното право, а потоа таа одлука ја вгради во рускиот устав, со што дополнително го зајакна неговиот став.

Во петокот, Путин и неговите војници одржаа едноминутно молчење за поранешните затвореници кои беа ослободени од затвор за да се борат против Украина и загинаа во тој процес. Руските државни медиуми објавија и видео од средбата меѓу Путин и војниците кои учествувале во инвазијата на Украина.

Со одење во војна, затворениците го вратија долгот кон општеството, рече Путин во кратко видео. „Сите ние сме луѓе и секој може да направи грешки. Тие ги направија, но ги дадоа своите животи за своите татковци и целосно ја откупија нивната вина“, рече тој.

Русија често регрутира затвореници да се борат откако ја нападнa Украина пред 19 месеци. Многумина од нив загинаа во брутални битки околу источниот украински град Бахмут пред неколку месеци. Но, на Црвениот плоштад во Москва во петокот атмосферата беше славеничка и беше организиран концерт во чест на годишнината од анексијата. Меѓу ѕвездите кои настапија беше и ултранационалистичкиот пејач Шаман.

Со декрет, Путин ја прогласи сабота, 30 септември за официјален празник и го нарече Ден на обединување со Русија, точно една година откако го потпиша указот за анексија. Намерата на концертот е да и се претстави на јавноста нов празник.

Според извештаите, јавните службеници, студентите и другите често се под притисок да учествуваат на овие настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот