Путин го тргна Рогозин од позицијата шеф на Роскосмос

марс
Дмитриј Рогозин, Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин го тргна Дмитри Рогозин од неговата позиција како шеф на државната вселенска корпорација Роскосмос, се наведува во декрет објавен денеска на веб страницата на Кремљ.

„Дмитри Рогозин со ова е ослободен од неговата позиција на генерален директор на државната вселенска корпорација Роскосмос. Декретот стапува на сила на денот на неговото потпишување”, пишува во документот.

Педесет и осумгодишниот Рогозин ја предводеше корпорацијата нешто повеќе од четири години, од крајот на мај, 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот