Пукање во Радишани: Скопјанец со пиштол ранил помлад роднина со кого не се поднесувале

Илустрација/Архива на Слободен печат

Вооружен инцидент меѓу двајца роднини се случил вчера во скопската населба Радишани, соопшти МВР.

„На 26.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 20.10 часот на ул.„20″, поради меѓусебно нетрпение, З.Р.(42) од Скопје со пиштол испукал куршум и го повредил во ногата неговиот роднина А.Н.(28) од Скопје. А.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” за укажување лекарска помош“, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот