Пукање на Косово во близина на училишен двор

Синоќа непознати лица пукале од огнено оружје во близина на училишниот двор на основното училиште „Угљаре“ во Угљаре, изјави за „Косово онлајн“ Братислав Трајковиќ, командир на полициската станица во Грачаница.

Дека пукањето се случило потврди и претседателот на привременото тело на општина Косово Поле, Александар Трајковиќ, кој рече дека биле пронајдени две чаури, а во тој момент имало деца во училишниот двор.

Како што јавуваат медиумите синоќа околу 22 часот и 45 минути имало пукање во близина на училишниот двор на ОУ „Угљаре“ во Угљаре кај Косово Поле, а како што изјави за тамошните медиуми командантот Трајковиќ, по добиена пријава, полицијата излегла на лице место и извршила увид. Како што наведуваат медиумите пукањето било извршено од засега непознати сторители од автомобил во движење и нема повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот