
Првиот оброк е најважен: Зошто да го започнете денот со две варени јајца?
Доколку сакате постојано да имате енергиja за да се справите со постојаните предизвици што ги носи секој нов ден, а притоа да се чувствувате свежо и мотивирано, препорачливо е секое утро за појадок да јадете по две варени јајца.
Препорачано
Јајцата се избор на витамин А, Д, Е како и Б12, а содржат и јод, калциум, цинк и селен.
Токму поради сите овие витамини и минерали во јајцето, вашиот организам по нивното редовно консумирање, ќе почувствува многу полза.
Поради фактот што во жолчката на јајцата е содржан холинот, нивното редовно консумирање ќе ви го подобри помнењето, ќе ви ја подобри концентрацијата, а ќе почувствувате и промена во брзината на вашето размислување и одредени рефлекси и постапки ќе ви станат подобри.
Во составот на јајцата има и лутеин, кој може многу да го подобри видот. Лутеинот се наоѓа во очните зеници, ја штити мрежницата на очите и ја намалува можноста за појава на катаракта.
Јајцата помагаат и при намалување на килограмите. Научниците истражувале две групи луѓе на диета од кои првите го започнувале денот со 2 варени јајца, а вторите со геврек. И кај двете групи дневниот прием на калории е идентичен. Но оние што консумирале јајца не само што ослабнале туку имале многу повеќе енергија во текот на денот. Зошто е така? Затоа што протеинот во јајцата нè заситува и нè штити од излишна консумација на штетна храна со висока концентрација на шеќер и маснотии.
Ако сакате да спортувате треба задолжително да додадете јајца во вашата исхрана. Тие помагаат мускулите да се регенерираат после тренингот и истовремено ви ја даваат потребната енергија.