Прва лига: ТФТ одигра со помалку осцилации и триумфираше над Кожув

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на ТФТ стигнаа до планираните бодови во дуелот против екипата на Кожув од Гевгелија (81:70) во Првата македонска лига.

По истекот на првите 10 минути ТФТ Моцарт водеше со 22:13, а Кожув беше подобар во втората четвртина во која дојде до негатива од само три поени на полувремето (40:43).

По одморот, уште еднаш „црно-белите“ беа тие кои остварија доминација во играта, што резултираше со ново резултатско одвојување, сега и на двоцифрени (68:56). А по втор пат на оваа средба, гевгеличани беа подобри, барем на почетокот на последната четвртина. Со серијата од 9:2, се доближија на достижни „минус пет“ (65:70). И имаа „половина четвртина“ за да направат и целосен пресврт.

Но наместо тие, ТФТ Моцарт беше екипата која „повлече“ кога беше најпотребно за да се дојде до успех. За нешто повеќе од две минути, со серија од 8:0 домашната екипа дојде во „мирни води“, имаше 78:65, а малку време остана за кошаркарите на Кожув да се обидат уште еднаш, да дојдат до прилика за целосен пресврт. Намалија на 70:78, но немаа нема сили за нешто повеќе на ова гостување.

Четири од петте стартери во ростерот на тренерот Боро Смилковски (исклучок Верц), стигнаа до 10 или повеќе поени. Најмногу, 21 даде Ташовски, Калхун постигна 15, Хаутон имаше 13, додека повремениот репрезентативец Николов, освен 11 поени, во статистиката запиша и 13 скокови и три асистенции.

Во составот на Кожув, Артисон реализира 19, а Хукиќ уште 11 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот