Прва лига: Кошаркарите на ТФТ сигурни против Охрид, Феникс 2010 славеше над Работнички
Во 10 коло од Првата македонска кошаркарска лига, составот на Феникс 2010 триумфираше на гостувањето кај Работнички со 87:79.
Најзаслужен за победата на гостите беше Американецот Хејнс-Џонс со 20 поени (пет асистенции), а на спротивната страна како прв стрелец се истакна Хрватот Рикиќ со 21 поен и 10 скокови.
ТФТ не дозволи изненадување против Охрид и славеше со 93:75 на „крилјата“ на Зафиров кој запиша 19 коша, а кај поразените Американецот Лајонс имаше „дабл-дабл“ учинок од 18 поени и 11 скокови.
Во другите мечеви: ФМП Академија – Пелистер 85:112, Кожув – Гостивар 102:67, Вардар – МЗТ Скопје 61:96, Чаир 2030 – Еуро Никел 92:96.
На табелата води МЗТ Скопје со 19 бодови, пред Пелистер и Еуро Никел со по 17, а по 16 бодови имаат Работнички, ТФТ, Чаир 2030 и Феникс 2010.