„Провери продавница” – студенти смислија решение за измамниците во трговијата на интернет

Проверипродавница.ком / Фото: принтскрин

„Провери продавница” (https://proveriprodavnica.com) е платформа на тим од петмина студенти од Економскиот и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Таа е едно од трите победнички решенија на хакатонот за иновативни решенија кои ќе помогнат за намалување на сивата економија, кој во мај минатата година го организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

– „Провери продавница” детектира сомнителни е-трговци, го предупредува потрошувачот пред секое посетување на сомнителна интернет-продавница и визуелно ја прикажува валидноста на самата е-продавница преку нејзина автоматска проверка. Новата веб-платформа на македонскиот пазар им овозможува побезбедно онлајн купување на потрошувачите преку автоматска проверка на сигурноста на веб-страниците, соопшти тимот.

Идејата е на студентите Симеон Маркоски и Фидан Стоименов од ФИНКИ и Даниела Мурџеска, Драгана Нелоска и Габриела Козарова од Економски факултет при УКИМ, кои велат дека се работи за непрофитен проект чија цел е да придонесе за доброто на сите онлајн купувачи и за намалување на проблемот со сивата економија на интернет.

-Платформата е веќе активна и започнува да се користи, па секој има можност да направи инсталација на екстензијата или да се информира за рецензиите за некоја веб страна за која е заинтересиран. Платформата ја врши автоматската проверка преку црпење податоци за регистрираните и верификуваните е-трговци од регистарот на АЕТМ, поточно од веб платформата ecommerce4all.mk. Постапката е на принцип на вчитување на страните и проверка дали веб-страницата ги содржи потребните податоци кои секоја фирма законски треба да ги поседува, соопшти тимот на „Провери продавница”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот