Проучувања во Санкт Петербург: Секој трет пациент кој прележал ковид-19 има посттрауматски стрес

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Еден од тројца пациенти кои имале тешка инфекција со коронавирус страдаат од посттрауматски стрес, покажуваат истражувачки податоци што ги претстави Инга Короткова, постар предавач на Катедрата за медицинска психологија и психофизиологија на Државниот универзитет во Санкт Петербург (СПБСУ).

– Проучувањата покажуваат дека 30 проценти од лицата кои се лекувале од ковид-19 на одделот за интензивна нега имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСН). При ПТСН се можни клинички симптоми како немотивирана будност, лути реакции, агресија, нарушена меморија и концентрација и општа вознемиреност не само на ментално, но, исто така, и на физиолошко ниво, несоница и самоубиствени мисли, рече Короткова.

Таа додаде дека се можни и симптоми на депресија, лошо расположение, замор, губење на задоволство и нарушено внимание, симптоми што, според неа, бараат консултација со специјалист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот