Протести во Софија: Единствен начин да се симне диктатор како Борисов е со сила (ВИДЕО)

Бугарските граѓани денеска десетти ден по ред излегоа на протести во Софија, барајќи оставка од владата на Борисов.

Бугарскиот адвокат Николај Хаџигенов, еден од организаторите на протестите во Софија, денеска повика на масовен протест во понеделник пред парламентот, како и блокирање на судовите, јавните згради, патиштата низ државата, јавува бугарската агенција БТА.

„Во понеделник, во 7 часот наутро, треба се да затвориме, сите да излеземе надвор. Времето ќе биде топло, земете си и храна, порача тој.

Според него никој од владата нема доброволно да си поднесе оставка.

„Единствен начин да се симне диктатор како Борисов е со сила“, вели тој. Според адвокатот, гласањето за недоверба на владата нема да промени ништо за граѓаните.

Хаџигенов ги повика граѓаните на мирни протести низ земјата, да сликаат и да покажат на социјалните мрежи. „Ова ни е последна шанса да ги избркаме сите. Секој може да ја покаже својата фантазија, бидете слободни и чувствувајте се како граѓани за првпат“, додаде тој.

„Сакаме Бугарија да биде зелена, а нашите реки се загадени. Сакаме администрацијата да биде модерна, ама имаме 30 кукли на шалтер, а еден компјутер. Сакаме да не си го трошиме времето и да ни земаат три пати повеќе пари за истата работа“, вели Арман Бабикјан, еден од организаторите.

Илјадници демонстранти ја пееја бугарската химна на плоштадот во Софија и извикуваат „Оставка“, „Надвор“ и „Секој ден ќе ви биде ваков додека не си дадете оставка“. Демонстрани денеска има видливо помалку од другите денови. Нема ниту протестен марш во центарот вечерва, објави бугарската агенција БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот