ПРОТЕСТИ ВО ИРАН: Не лажат дека Америка ни е непријател, нашиот непријател е овде! (ВИДЕО)

Фото ЕПА

Во Иран вчера втор ден по ред се одржаа протести во кои демонстрантите ги повикаа верските и државните лидери да се повлечат откако армијата призна дека по грешка го соборила украинскиот патнички авион.

Околу илјада луѓе синоќа во центарот на Техеран бараа оставка од врховниот ирански верски лидер ајатолахот Али Хамнеи и ги кинеа сликите на убиениот ирански генерал Касим Сулејмани.

Во Иран вчера втор ден по ред се одржаа протести во кои демонстрантите ги повикаа верските и државните лидери да се повлечат откако армијата призна дека по грешка го соборила украинскиот патнички авион.

– Не лажат дека Америка ни е непријател, нашиот непријател е овде – извикуваа демонстрантите пред Универзитетот во Техеран.

Протести имаше и во другите ирански градови. На некои од снимките објавени на Твитер се гледа дека полицијата употребила солзавец.

Иранските државни медиуми објавија за демонстрациите во саботата откако иранската армија се извини поради ненамерното соборување на украинскиот авион при што загинаа 176 патници и членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот