Протест во Кичево: Граѓаните бараат да се решат проблемите со уличните кучиња и градските депонии

Фото: МИА.мк

Пред општина Кичево денеска се одржа граѓански протест на кој беше побарано решавање на проблемот со уличните кучиња, преземање на работни активности, завршување со реконструкциите на улиците „Борис Кидрич” и „Ужичка Република”, но и решавање на проблемот со градските депонии.

На протестот исто така беше побарано да се престане со т.н. рестрикција на електрична енергија и улично осветлување на цела општина, а на првата наредна идна седница на Советот, на дневен ред да се стават овие четири точки.

-Денес сме овде присутни граѓани од сите возрасти и сите националности и сите знаеме каков беше нашиот град и на што денес наликува. Подобро речено на се наликува само не на современа општина. Ако во минатото можевме секој од нас стари и млади слободно да се движиме по улиците во секое време од денот и ноќта, без притоа да не се плашиме, тоа денес е скоро невозможно, а причините се кучињата скитници, уличниот мрак и раскопаните тротоари и сообраќајници, истакна еден од присутните граѓани на собирот.

Граѓаните потенцираа дека имало ветување за зелени паркови за децата, но наместо тоа има раскопани улици и сметот од рушењето на објектите.

-Го повикуваме градоначалникот да излезе од своите луксузни возила и да прошета пеш по улиците навечер да види на каков град е градоначалник и на какво ниво го донесе со своето неодговорно владеење. Да престане да ја маипулира јавноста и да признае дека нема никаква рестрикција на струја бидејќи неговите соработници тоа го призннаа на една од седниците на Советот, додадоа присутните на собирот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот