Протест против пресудата за градоначалникот на Истанбул, кој доби затворска казна оти навредувал службеници

Фото: Profimedia

Неколку илјади луѓе се собраа денеска, како и вчера, пред зградата на градската администрација во Истанбул, на протест против пресудата против градоначалникот Екрем Имамоглу, кој беше осуден на две години и седум месеци затвор за навреда на членовите на турскиот Врховен изборен совет. Поради таа пресуда тој може да биде разрешен и да му биде забрането да учествува на изборите следната година.

Опозициските партии ја доведуваат во прашање независноста на судовите, кои се под, како што велат, сè поавторитарното владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Опозицијата оценува дека гонењето и судењето на Имамоглу се обид да се елиминира клучниот противник на турскиот лидер.

Градоначалникот планира да поднесе жалба на пресудата и се очекува да остане на функцијата додека случајот се разгледува во повисокиот суд.

Ердоган, кој е на власт од 2003 година, прво како премиер, а потоа и како претседател, ќе се бори за нов петгодишен мандат на претседателските избори во јуни следната година.

Поради економските превирања и зголемената инфлација, забележителен е пад на неговиот рејтинг.

Градоначалникот Имамоглу денеска изјави дека затворската казна што му ја изрече турскиот суд е „политичка и незаконска“.

Градоначалникот на Истанбул, можен силен ривал на Ердоган, ќе оди во затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот